Пронајдена најстарата светска скулптура

Скулптура Малата фигура на плодна жена, изрезбана од слонова коска, која неодамна е пронајдена во неколку делови, во пештера во Германија, можеби е најстарото уметничко дело во светот.

Малата фигура најдена во пештерите Хохл Фелс во Германија можеби е најстарото уметничко дело во светот. Археолозите ја пронашле оваа статуетка распарчена на шест дела, а откако ја составиле, со јаглеродното датирање, откриле дека се работи за предмет стар околу 35 илјади години.

sc5768279_venus_jesen_466.jpg

Се работи за фигура изрезбана во слонова коска, која претставува симбол на плодноста – жена со широки колкови, зголемен стомак и големи, набрекнати гради.

Николас Конрад, археологот кој дојде до ова неверојатно откритие објаснува дека се работи за типична статуетка од времето во кое се гаел култот кон плодноста, а ова парче уметност со должина од нецели 6 сантиметри веројатно служело како приврзок или амајлија, со оглед на тоа што има жлеб на кој се прикачувала врвка. Левата рака сè уште не е пронајдена, но Конрад се надева дека ќе успеат да ја најдат кога ќе довршат со пребарувањето низ остатоците од пештерата.

Прочитајте и:  Уметничко дело направено од вештачка интелегенција продадено за над 1 милион долари

Ова откритие ги поместува нештата кои ги знаевме за светот на уметноста и неговите почетоци за неколку илјади години наназад.

 

- Реклама -