Пронајден рајот? (видео)

ПештераЕдна научна експедиција потпомогната од искусни алпинисти, тврди дека го пронашла овоземното плато на будистичкиот рај наречен Шамбала. Се работи за непристапни пештери во долината Мустанг на Хималаите (во денешен Непал) исполнети со ѕидна уметност и свети текстови од 15 век.

Една научна експедиција потпомогната од искусни алпинисти, тврди дека го пронашла овоземното плато на будистичкиот рај наречен Шамбала. Се работи за непристапни пештери во долината Мустанг на Хималаите (во денешен Непал) исполнети со ѕидна уметност и свети текстови од 15 век.

МустангПред една година, истражувачка експедиција во потрага по долината наречена Шангри-Ла, наишла на мрежа од непристапни пештери во долината Мустанг. Внатре – ѕидни слики и голем број религиски текстови со проценета старост од 15 век.

Уште тогаш се јавила дилема околу тоа што треба да се прави. Експедицијата немала дозвола да извади предмети од пештерите, а тоа значело дека мора да ги остават незаштитени цела година, додека ги добијат сите потребни дозволи.

Една година подоцна, експедицијата се враќа на местото на настанот, со намера сериозно да го истражи овој археолошки локалитет и да извлече заклучок дали навистина се работи за Шамбала, мистичното будистичко кралство кое претставува овоземно плато на рајот. Попатно, секако дека ќе се појават проблеми, но експедицијата се надева на успех.

Репортажа од истражувањата
{youtube}IRLyJbt6wvs{/youtube}
- Реклама -