Пронајден е најдлабокиот вулкански отвор на светот

Повеќе...Се верува дека најдлабокиот вулкански отвор на светот е пронајден во длабоките мориња на Карибите. Отворот е лоциран на 5,000m од местото Cayman Trough, а откритието е пронајдено со помош на две подводни возила.

Се верува дека најдлабокиот вулкански отвор на светот е пронајден во длабоките мориња на Карибите. Отворот е лоциран на 5,000m од местото Cayman Trough, а откритието е пронајдено со помош на две подводни возила.

black-smoker-100411-02

Вулканските „оџаци“, кои испуштаат вода доволно врела да стопат олово се фатени на камера од британски тим. Доктор Jon Copley за нив вели: „Супер врела вода излегуваше од неговиот врв, повеќе од 3 милји под брановите“. 

{youtube}CSZYobqsGnI{/youtube}

_47616560_autosub6000_launch_copyТимот воден од Националниот Океанографски Центар во Соутхемптон пловеше преку Карибите и Јужниот Океан со истражувачкото пловило „James Cook“. Според научникот Bramley Murton, кој управувал со подводното возило искуството „било како да се оди на површината од некој друг свет“.
Двете подводни возила Autosub6000 и HyBIS со помош на својата камера успеаја да направат снимки и фотографии од местото.

_47616561_hybis_vehicle_launch1_copy
Ова е големо откритие во геологијата, кое што дури сега ќе се истражува подетално.
Претходно, рекордот за најдлабокиот вулканскиот отвор беше во средината на Атлантикот, на длабочина од 4,040m.

- Реклама -