Британските археолози пронајдоа череп во чија внатрешност има мозок кој е стар над 2000 години.
Британските археолози пронајдоа череп во чија внатрешност има мозок кој е стар над 2000 години. Черепот е одделен од телото, во период околу Романската инвазија на Британците, а пронајден е во каллива дупка при работа на ископините од страна на Универзитетот Јорк во Северна Британија. Археологот Рејчел Кубит забележала дека постои можност черепот да содржи мозок, бидејќи при чистењето нешто се движело во внатрешноста. Кога погледнала, во основата забележала точкаст состав во жолта боја. Потоа примерокот е детално набљудуван во болницата во Јорк, која потврди дека содржината е мозок.
Се претпоставува дека поради некој ритуал, черепот е закопан одделно од телото, но во моментов овој дел останува мистерија. Овој примерок на череп со ваков вид на содржина е најстар пронајдок во Британија. Во светски размери, примерок од ваков вид е пронајден 1986 во Виндовер Фармс, Флорида кој бил стар 8000 години. [Scientists find 2,000-year-old brain in Britain]