На една од мермерните плочи во ѕидот близу олтарот во катедралата Свети Амброзио во Вигевано бил забележан пресек на череп од диносаурус. Според палеонтолозите, ова се должи на фактот што мермерот тука бил пресечен во текот на изградбата помеѓу 1532 и 1660 година. Несомнено, се работи за уште еден удар за креационизмот.

Черепот изгледа како снимка од компјутерска томографија, поради фактот што токму тука бил пресечен мермерот во текот на изградбата на катедралата, помеѓу 1532 и 1660 година. Неговата должина е 30 сантиметри, а на него убаво се гледаат сите делови, мозочната празнина, носната шуплина, како и повеќе заби. Палеонтологот Андреа Тинтори кој го направил откритието, пронашол уште еден дел од истиот череп, во друга мермерна плоча, недалеку од првата. Сѐ уште не е утврдено на кој вид диносаурус му припаѓа черепот. Тоа веројатно ќе се знае по дополнителните истражувања.