Американско семејство, пронашло крај бреговите на Флорида, сандак со злато од шпански галеон, кој пловел речиси 300 години. Семејството Шмит успеало да го открие богатството на околу 150 метри од брегот, во близина на градот Форт Пирс. Внатрешноста содржела златен накит, монети и инготи. Според љубителите-археолози, ковчегoт бил дел од товарот на шпански брод, потонат како резултат на морска бура крај бреговите на Флорида во 1715 година. Согласно законите на државата Флорида 20 проценти од пронајденото злато ќе биде предадено на властите, додека останатото може да биде слободно распределено меѓу пронаоѓачите. Сите скапоцености се проценуваат на околу 300 000 долари.