Промоција на книгата „Мувлосани приказни“

prikazni

Утре, на 20 април, среда, со почеток во 20 часот во бифето на кино Фросина во МКЦ ќе се одржи промоција на книгата „Мувлосани приказни“ од Каролина Николиќ.

Промотори на книгата ќе бидат Елена Пренџова и Дарјан Раденковиќ.
Стилот на расказите од „Мувлосани приказни“ е постмодерен и исклучително оригинален. Се одликува со очигледно кус исказ, кој е јасен и непреоптоварен со детали и украси. Авторката користи куси, просто-проширени реченици, синтаксички школски (академски) структурирани со јасен стил, со неопходни додатоци.
Плени леснотијата на кажаното, чијашто „тежина“ понекогаш знае да биде ставена во само неколку редови. Како да се чита хаику во проза. Јасната мисла, стегнатата реченица, без вишок или кусок на изразни средства, незабележливото присуство на блага иронија, ги прават овие четива извонредно лесни за восприемање од страна на читателот.
- Реклама -