Вечерва во 19 часот во Europe house, Струмица ќе се одржи промоцијата на најновото продолжение на сагата за инспекторот Виктор Николов, „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков во издание на Антолог.
При крајот на зимата 2024 година, Скопскиот оддел за крвни и сексуални деликти од гостиварската полиција презема случај на убиство на познат сексуален престапник и повремен уживател на наркотични средства. Наркоманот е пронајден застрелан во неговата соба во хотел на Мавровско Езеро. Единствената трага за полицијата е пронајдената чаура на местото на убиството…
Иако романот во својата жанровска класификација претставува крими-роман, оваа книга разработува широк дијапазон на идеи кои се проткаени низ целата нејзина должина. Приказната е втемелена во времето во коешто живееме, но си игра со безвременски концепти кои претставуваат зрела критика на бројни општествени норми и модалитети, како и доза филозофски дискурс кој би ги задоволил и најсериозните уживатели на квалитетна фикција.
Промотор на книгата е Ѓургица Костадиновска