Романот „Ќе се видиме ли, пак!?“ од Зоран Радически, издание на „ПНВ Публикации“ од Скопје, ќе биде претставен пред тетовската и пред скопската публика. Првата промоција на романот ќе се одржи на 29 октомври од 19:30 часот во родниот град на авторот ‒ Тетово, во „Музејот на тетовскиот крај“ (поранешен Дом на АРМ), а книгата ќе ја промовира Перица Сарџоски, додека пак, промоцијата во Скопје е закажана за следниот ден ‒ 30 октомври со почеток во 20:00 часот во кафе-книжарницата „Буква“, а промотор ќе биде Дарко Лешоски. Настаните ќе ги модерира Јулијана Величковска. Изданието е поддржано од Министерството за култура.