Промени кои му се случуваат на телото поради високото ниво на шеќер во крвта

Дијабетесот е чест здравствен проблем во светот. Ги зафаќа сите старосни групи, а се должи на покаченото ниво на шеќер во крвта.

Општо за дијабетесот сме пишувале повеќе пати, но денес ќе ги споменеме промените на телото кои се случуваат поради високото ниво на шеќер во крвта.

Висок крвен притисок

Високиот крвен притисок е следбеник, но често и предходник на дијабетесот. Поради артериосклерозата кај дијабетесот често се јавува висок крвен притисок, но иститот може и да биде предизвикувач на дијабетес.

Косопад

Поради слабиот проток на крвта, густината и тешката циркулација, кај дијабетесот често доаѓа до губиток на косата. Фоликулот се оштетува трајно и доаѓа до паѓања на влакната на косата.

Прочитајте и:  Лекар предупредува дека на повеќето луѓе им недостасуваат овие 5 витамини

Често мокрење

Дијабетичарите чувствуваат честа жед, па поради тоа тие пијат многу течности, а прекумерното количество на течности во телото предизвикува и често мокрење.

Заматување на видот

Дијабетска ретинопатија се јавува како последица на нелекуван висок шеќер во крвта кој предизвикува висок крвен притисок и оштетување на капиларите во окото.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -