Луксузот да го наполните вашиот гаџет без да барате полнач е привлечен концепт.
Но проблемот кај новиот LaunchPort систем за полнење на iPad на Strut е цената. Овој индуктивен полнач направен од хромиран челик го обезбедува таблетот со неодимиумски магнети за полнење.
Но LaunchPort системот работи само кога таблетот е сместен во голема кутија достапна во четири различни финиши – оревово дрво, карбон фајбер, розева и дури и леопард варијанта. Овој масивен полнач ќе чини неверојатни 1250 долари што значи дека би било поевтино да купите втор iPad кој ќе можете да го користите додека првиот се полни. [STRUT LaunchPort System is the Bentley of iPad docking stations]