Пролетно филмско будење (видеа)

sff09.jpg Годинешното издание на Скопски филмски фестивал ќе се одржува во Кинотеката на Македонија (спроти гимназијата Никола Карев) и во двете сали во Рамстор. За тоа како се организира фестивал во град без кино може да прочитате во априлското издание на Life магазин каде е сместен разговорот со продуцентот Иво Антов. А ако сте подготвени да се придружите на спасување на киното во Скопје купете си карта за некој од филмовите – сите проекции чинат 100 денари. Погледнете дел од програмата.


skopjefilm09poster.jpg
Годинешното издание на Скопски филмски фестивал ќе се одржува во Кинотеката на Македонија (спроти гимназијата Никола Карев) и во двете сали во Рамстор.

За тоа како се организира фестивал во град без кино може да прочитате во априлското издание на Life магазин каде е сместен разговорот со продуцентот Иво Антов. А ако сте подготвени да се придружите на спасување на киното во Скопје купете си карта за некој од филмовите – сите проекции чинат 100 денари. Погледнете дел од програмата.

Покрај познатите Vicky Cristina Barcelona на Woody Allen, Burn after reading на браќата Coen, Maradona на Кустурица, Happy-go-lucky на Mike Leigh, како и My blueberry nights, новиот филм на Wong Kar-Wai, ќе се прикаже и Созерцание на Иво Трајков и одличниот документарец Cash&Marry односно Плати и жени на Атанас Георгиев што според авторот претставува „филм за балканскиот сон за европски пасош“.

Плати и задолжително гледај!
Прочитајте и:  Градоначалникот на Барселона планира укинување на директното изнајмување станови на туристи
{youtube}U2hPXNGh-sQ{/youtube}
{youtube}G_pKExdeBC8{/youtube}

На програмата е и новиот филм на Wim Wenders, Palermo shooting, а во оваа фотосесија во Палермо го следиме надреалното патување на фотографот Фин кој од развратниот живот на висока нога стигнува до…
{youtube}Tc6qjvQ0NcM{/youtube}

Израелскиот Band`s visit е уште еден одличен филм на програмата на Скопскиот филмски фестивал, а овде ќе ја видите приказната за египетскиот полициски бенд што се губи на пат до Изреал каде треба да одржи концерт.
{youtube}QWYlLb0jm8U{/youtube}

Chaser е извонреден портрет на анти-херој – детектив кој станува макро и влегува во трка со сериски убиец. Филмот е од Јужна Кореа, а американците веќе спремаат римејк бидејќи се премногу мрзеливи да читаат титл.
{youtube}EkqczsLZd1I{/youtube}

Азиската кинематографија секогаш е одлично прифатена кај нас, па нема сомнеж дека на фестивалската публика ќе и` се допадне и Thе drummer во кој младиот бунтовен тапанар кој свири во рок бенд бегајќи од мафијата ќе биде принуден да се крие во планините каде ќе го открие светот на Зен перкусионистите…
{youtube}QYJU-KoNZME{/youtube}

Годинава ја нема Sound&Fury програмата, но љубителите на музички филмови може да го погледнат документарецот за панк иконата Kathy Acker, Who`s afraid of Kathy Acker
{youtube}w6XNM1o2PkM{/youtube}

Целата програма на годинешниот Скопски филмски фестивал ќе ја најдете тука.

- Реклама -