Пролетна визија: Црвена експлозија

Модната блогерка Емили Гема ни претставува една исклучително свежа стрит визија, што заслужува да биде споделена.

Нема ништо поубаво од девојка облечена во светли бои. Кажете и збогум на црната облека, темните марами и мрачното расположение.

1

Темнокосата убавица избрала стајлинг што се состои од неколку едноставни, но ефектни парчиња.

Белите фармерки визуелно ја истакнуваат фигурата, а црвената кошула придонесува за потребното пролетно расположение.

Додатоците се во златеникави нијанси.

2

Токму нејзиниот стил, е нашата модна инспирација за денес. Заблескајте во светли бои оваа сезона и бидете расположени за нови предизвици.

 

- Реклама -