Производство на јаболка во Јапонија

јаболкоКако и многу други работи, луѓето во Јапонија сериозно го сфаќаат и производството на јаболка. Наместо како сите други да засадат дрво, да чекаат да порасне и да користат пестициди за заштита, Јапонците го претвориле производството на јаболка во уметност. Фотографиите на Џејн Алден Стивенс од регионот Тсугару во перфектурата Аомори ја доловуваат уникатноста на процесот.

Како и многу други работи, луѓето во Јапонија сериозно го сфаќаат и производството на јаболка. Наместо како сите други да засадат дрво, да чекаат да порасне и да користат пестициди за заштита, Јапонците го претвориле производството на јаболка во уметност. Фотографиите на Џејн Алден Стивенс од регионот Тсугару во перфектурата Аомори ја доловуваат уникатноста на процесот.

Напорната работа започнува во пролет со проретчувањето на цутот, за да се добијат поголеми плодови. Фармерите се качуваат на скали и внимателно ги кинат четирите надворешни листови од цутот, и го оставаат само централниот. Стивенс вели: „Она што најмногу ме зачуди за процесот што Јапонците го користат за растење јаболка е тоа колку е напорен. Од појавата на првите цутови, секое јаболко е допрено од човечка рака најмалку десет пати. Кога прашав зошто многу фармери ги сечат дрвјата во нивните овоштарници и го напуштаат овој метод на одгледување овошје, некои од нив ги подигнаа рацете, ги размрдаа прстите и одговорија ,Немаме доволно раце!’“

јаболко

Ова е алатот за рачно нанесување полен, стапчиња, ракавици и шише со полен. Розевата боја е додадена на поленот за работниците да можат да познаат кои цветови биле допрени со полен.

јаболко
Работниците го нанесуваат поленот со стапчиња на кои има пердуви од ној.
јаболко

Во јуни, додека јаболката се сè уште помали од 3 сентиметри во обем, несовршените плодови се отфрлаат, а најдобрите јаболка се виткаат во торбички. Торбичките за јаболката се направени од специјална хартија која не пропушта светлина обложена со провидна восочна хартија во одредена боја. Торбичките се затвораат со жица за јаболката да не добиваат воопшто светлина во наредните три или повеќе месеци. Ова ги штити јаболката од штетници, и го подобрува вкусот на јаболката.

јаболко

Кога сите торбички се отстранети, јаболката имаат кремасто бела боја. Во овој период душеци со сребрена боја се поставуваат под дрвјата за да ги рефлектираат сончевите зраци, за бојата на дното од јаболката да е иста како онаа на горната страна. Понекогаш, на плодовите се нанесуваат шаблони кои оставаат отпечаток на кората од јаболката додека тие созреваат.

јаболко

На почетокот на есента, работниците ги отстрануваат надворешните торбички кои не пропуштаат светлина (сиви на фотографијата) од плодовите, и ги оставаат внатрешните торбички кои пропуштаат светлина (црвени на фотографијата) неколку дена за кората на плодовите да зацврсне. „Бојата на восочната хартија – црвена, зелена, светло сина, темно сина – ја одредува конечната боја на овошјето“ вели Стивенс. [Traditional Apple Growing in Japan]

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот
- Реклама -