Започна производството на новата Мазда 6 (видео)

Mazda Motor Corporation објави дека компанијата почна со производство на целосно новата генерација на верзијата Мазда 6 во фабриката во префектурата Јамагучи.

Првиот составен претставник на моделот е со европска спецификација, караванска верзија, опремена со 2,0 литарски SKYACTIV-G бензински погонски агрегат. Официјалната премиера на новата Mazda 6 седан ќе се одржи за време на салонот во Москва (29 август до 9 септември).

Тоа ќе биде вториот автомобил на брендот, во кој се интегрирани целиот спектар на технологија, обединети во новото семејство SKYACTIV. Седанот сепак ќе биде прв на пазарот и ќе биде опремен со новиот систем за регенерација на енергијата на сопирање i-ELOOP.

{youtube}pBHa2sBAkYc{/youtube}

Новата генерација на Mazda 6 ќе биде пуштенa во продажба во Јапонија и Европа пред крајот на оваа година, a од следната ќе биде достапна и за потрошувачите во САД.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -