Производител на вибратори казнет заради шпионажа на корисниците

Канадската компанија We-Vibe („Ние вибрираме“), ќе мора на купувачите да им исплати по 10.000 долари, заради илегално следење на нивните сексуални активности.

Овие на We-Vibe се „паметни вибратори“, кои воедно можат и да ја мерат температура (не зборуваме за под мишка, нели) и интензитетот на вибрациите. Спорното е што компанијата ги собирала овие податоци, и тоа без знаење на корисниците. Секако, преку тие податоци компанијата добила неовластен пристап и до сексуалните навики на своите корисници.

По големата групна тужба што беше поднесена до федералниот суд во Илиноис, одлучено е компанијата-мајка Standard Innovation на корисниците да им исплати вкупно 4 милиони долари. Тие што со вибраторот ја користеле и апликацијата имаат право на целосна исплата, а тие кои купиле само вибратор ќе добијат по 200 долари.

We-Vibe 4 Plus вибраторот чини околу 110 долари. Можете да го контролирате далечински преку bluetooth конекција и да ги контролирате опциите. Меѓутоа, апликацијата е толку лошо обезбедена, што секој што ќе се најде во близина и има bluetooth конекција може да преземе контрола врз вибраторот (ако сте малку повеќе „кинки“, тоа и не е така лошо). Тоа е сериозен проблем, бидејќи „несакана активација или контрола на вибраторот е потенцијално силување“, беше речено на ланската Хакерска конференција во Лас Вегас, каде што беа обелоденети пропустите во апликацијата на We-Vibe.

Во изјавата на Standard Innovation за медиумите, стои очекуваното: „Во нашата компанија многу сериозно ги сфаќаме приватноста и безбедноста на нашите корисници. Го засиливме предупредувањето за приватноста и безбедноста на апликацијата, а и понатаму работиме со водечки експерти за приватност и сигурност“.

- Реклама -