Програма за Бела ноќ 2014: Одберете каде ќе излезете

Утревечер, ноќта помеѓу 4-ти и 5-ти октомври, по десетти пат се организира традиционалната манифестација „Бела ноќ“, во која своето учество го зазема голем број на културни институции и национални установи кои ќе ги отворат своите врати за посетителите до раните утрински часови. И оваа година понудата на интересни настани, настапи, поставки и проекции е огромна, и доволна за да го задоволи сечиј вкус.

Најавена атракција за оваа година се PERPETUUM JAZZILE од Словенија. Нивниот настап со акапела преработки на големи музички хитови е закажан во 21 часот, на плоштадот Пела.

Доколку се уште не сте се одлучиле како да ја поминете утрешната вечер, ви ја прикажуваме целосната програма која е предвидена за годинашната Бела ноќ:

Плоштад Пелa, Порта Македонија (21:00)
PERPETUUM JAZZILE (Словенија)

Градски парк, Школка (21:30)
Propo’88 & BlabberMouf (Холандија), Bvana (Србија), Дивизија, Џака Накот (DJ set)

Плоштад Карпошово Востание (20:00)
Тони Китановски Big band, Muhamed Ibrahimi, The Jazzobell Quintet, Иван Иванов, Sofia Jazz Formation (Бугарија)

Градска Плажа, Кастро (18:00)
Proces (Срб), Selector Lazy Face (БГ), DJ Rek (ГР), Geto Rudi, Charlie, Jam Sistazz Сцена

– Сцена Спомен Куќа на Мајка Тереза (20:00)
Женски Младински Хор, Про Арс – диригент Сашо Татарчевски

– Летен клуб Хавана (21:00)
Steel Temlple, Chromatic Point, Serpentine Fire

– Менада (22:00)
DJ Lale (Србија), Мирко Попов,

– Плато МКЦ (22:00)
Artan Lili (Срб), Silly Boy (ГР), Foolish Green, Green Fuzz

– Национална галерија – Даут Пашин Амам
„Еден век(ретроспектива) од раѓањето на големиот Василие Поповиќ – Цицо.

– Културно информативен центар – изложбен салон Империјал 1
Изложба „Надреализам“ – Спасе Куновски, Благоја Николовски и Кирил Ефремов

– Младински културен центар – Галерија МКЦ
„Бело за бела ноќ“, инсталација, Атанас Атанасов

– Дом на културата „ Кочо Рацин“ – Голем салон
„Патишта (на Балканот)“, изложба на Балканската група „Турборенесанса“.

– Музеј на град Скопје
„Средновековен фреско-живопис“ – музеолошка поставка

– Музеј на современата уметност
„Солидарноста – недовршен проект?“, постојана поставка

– Галерија 3М
„Изборот на Галерија ЗМ“ -Чаша вино и дружење со уметноста на македонски сликари

– Галерија Арте
„Боите на Македонија“, селекција на најатрактивните автори застапени во галеријата Арте.

– Галерија Грал
„Во срцето на Балканот– Раката гледа“, излoжба на Глигор Чемерски.

– Галерија 8
„Групна изложба“ и видео инсталации со Кристина Зимбакова, Наташа Петковска, Симона Манчева, Александар Ефтимовски, Mona Haji Agha Bozorgi(Иран), Melita Matovic Fligler ( Хрватска) Luana Lojic (Хрватска).

– Универзална Сала
Ревија на детски песни од фестивалите Златно Славејче, Поточиња и Виножито
„СИТЕ ЗАЕДНО“, здружение СОЛЕМ

– Плато пред Чифте Амам (23:00)
RE:Volt #4: Ум Заум #2 /Режија: Стефан Сидовски, музичка подолога: Александар Пејовски

– Парк на литературата (Градска библиотека Браќа Миладиновци) (20:00)
Поетско – Музички перформанс

– Улица Македонија
„Accident of emotions“, инсталација во простор Luan Bajraktari (КС) / 20:00
„ A SPECIAL PLACE IN THE CITY / SECRET HEART“, инсталација во простор Kolektiva (Сло)* / 20:00

– Плато Дом на АРМ
„… boje su u nama ….“ инсталација во простор”…spaCe ..„…проСтор…”spokenword просторна скулптура “sub Motion „ перформанс I.J.PINO & CO, (Хрватска)
SOUL EXTRUDER, Lazy Kidz vizuals, видео инсталација

– Џебно Кино
„CONSTRUCTION IN KNEADING“, аудио-видео инсталација, Ryo Ikeshiro (Англија) / 21:00
Стрип Центар Велес, Стрип работилница / Горно Фоаје на Кино Фросина/ 19:00

– Младинки културен центар (МКЦ)
„Има многу риби во океанот, но јас сакам само една“, инсталација, Блашка Ми Ева / 20:00
„Скопска ноќ“, инсталација, Петра Јовановска / 20:00

– Мост Око
промоција на антологија на љубовна поезија

– Плато пред хотел Stone Bridge
СИСТЕМ II, Инсталација на Перо Кованцалиев / 20:00

– Градски парк (во близина на Школка)
БЕЛА НОЌ, Мелеем – инсталацијa

– Кино Милениум
24 часовен бесплатен Филмски маратон

– Попладневно матине во Зоолошка градина

Бесплатен транспорт со линиите 8 и 15А на ЈСП од 12:00 до 16:00.
Бесплатен транспорт со автобусите на ЈСП од 19:00, на сите линии кон центарот на Скопје.

- Реклама -