Прогласена за жена на годината: „Шокирана сум“

„Бев во шок кога дознав дека јас сум добитничка на оваа титула“, изјавила пејачката.

Магазинот Billboard објави кому ја додели титулата „Жена на годината“. Благодарение на нејзиниот шести албум „The Truth About Love“, наградата ѝ припадна на пејачката Пинк.

pink_gl_19nov12_rex_b_592x888_2

„Бев во шок кога дознав дека ја добив оваа награда. Ова ми беше прекрасна година“, рекла Пинк.

Инаку пејачката неодамна изјави дека најважно од сѐ ѝ е нејзината ќерка Вилоу Сејџ да биде среќна, а околу тоа посебно ќе се труди  затоа што таа со својата мајка не разговарала 20 години. Мајка ѝ ја избркала Пинк од дома на 15 години поради проблеми со дрогата, а повторно се зближиле кога Пинк ја родила ќеркичката.

Pink_has_some_family_fun_with_her_daughter_Willow_and_husband_Carey-912x1024

- Реклама -