Прогласена најдобрата серија на сите времиња

Серијата за животот на семејството на мафијашкиот бос Тони Сопрано е прогласена за најдобра серија на сите времиња, според листата на The Writers Guild of America на која се наоѓаат 101 серија.

Приказната за семејството на италијанскиот мафијашки бос Тони Сопрано, „The Sopranos“, која се емитуваше од 1999 до 2007 година на каналот HBO, се најде на врвот листата на најдобри сценарија на телевизиски серии во историјата.

SopranosS1BD_2

Серијата освои бројни награди, вклучувајќи 21 Еми и пет Златни глобуси. Како еден од најпознатите производи на популарната култура на 00-тите серијата стана предмет на многу анализи, контроверзи и пародии, а се прошири и на книги, видео игри, музички изданија и низа други комерцијални производи.

Второто место го зазеде хумористичната серија „Seinfeld“, а третото „The Twilight Zone“, култна серија од 50-тите.

Seinfeld-Cast-seinfeld-43506_1024_853
Десет најдобри сценарија на ТВ серии на сите времиња:

1. The Sopranos(1999-2007)
2. Seinfeld (1990-1998)
3. The Twilight Zone (1959)
4. All in the Family (1971-1979)
5. M*A*S*H (1972-1983)
6. The Mary Tyler Moore Show (1970-1979)
7. Mad Men (2007-u produkciji)
8. Chhers (1982-1993)
9. The Wire (2002-2008)
10. The west wing (1999-2006)

Целосната листа може да ја погледнете ТУКА

- Реклама -