Првата емисија во живо на најпопуларното шоу во моментов X фактор беше емитувана синоќа.
Гледачите со своите гласови ги одбраа натпреварувачите кои продолжуваат понатаму, меѓутоа Младен не е еден од нив. Откако тој и Александра останаа со намал број гласови, одлулката падна во рацете на жирито. По нивното гласање ситуацијата беше изедначена, па сепак одлучија гласовите на публиката. Според нив Младен кој апсолутно беше еден од најдобрите тројца вокали меѓу полуфиналистите го напушти натпреварувањето.
Понатаму одат: Даниел, Доктори, Лукијан, Илма, Алекса, Тамара, Харис, бендот 4U, Маја Новаковиќ. бендот H2O.
Специјални гости на вечерта беа ссветските 2 Cellos кои искоментираа:
– Одлична атмосфера, новото на учесниците е феноменално.
Големо изненадување на вечерта беше водителот Славко Калезиќ, познат како дечкото кој и намигна на Емина, а испадна од шоуто во куќата на судиите под менторство на Жељко.
Даниел заслужува да се најде во финалето
Најголемиот фаворит Даниел дури и го растажи својот ментор на пробите, кога во разговор со него раскажа како три години не пеел бидејќи работел на градилиште. За среќа ни во тоа време не се откажал од својот талент, што уште еднаш се докажа и со овој харизматичен настап.
Фифи прекрасна
Фифи со својата колешка ја пееше песната на Кристина Агилера „You are beautiful“ , во превод „Ти си прекрасен, без разлика што зборуваат“ и навистина беше прекрасна без разлика на сите контроверзни коментари. Скромна, без предрасуди и ограничена од провокации. Ако ги отворите ширум очите и ги тргнете настарана сите стереоптипи не можете,а да не го забележите нејзиниот талент.
Лукијан го зафркна продукцијата
Момчето кое на аудиците го фасцинира жирито настапи со песната „Sorry seems to be the hardest word”. По неговата изведба Емина ја искара продукцијата дека му ја забрзала матрицата, но за волја на вистината, секој музичар може да потврди дека Емина не се снаоѓа добро во улога на ментор. Песната беше превисока за него, па ако веќе инсистирала на таа, можела да ја „спушти“ во некој понизок тоналитет.
Критики без пардон
Кога сме веќе кај критиките не може а да не се искритикува изборот на песни на кандидатите. X faktor e шоу каде што изборот на песна не значи само да и се допаѓа на публиката, да ја знае истата или да му е омилена на менторот. Изборот на песна значи ик градење на стил. Така Младен кој испадна од шоуто, а беше обожуван од страна на сите музичари баш поради тоа што беше интересен лик кој сака некомерцијални музички правци како соул и џез можеше да си остане доследен на својот стил. „Бацила је све низ реку“ и Здравко Чолиќ беа најлошиот музички избор кој можеше да се предложи за него, бидејќи тоа не е Младен. Дали грешката ја направил Жељко или професорот сакал да докаже дека може да пее се, па „сакате комерцијала гледате“, е секако погрешна стратегија, која го исфрли од игра.
Тука си давам за право да го искритикувам и лошиот хумор и брзоплетоста на нашата водителка Снеже која има проблем со склопување на интелигентна шега, а многупати упаѓа во збор со излишни коментари, па се надевам дека малку ќе седне да ги прегледа снимките и да ја разбере суштината на оваа добронамерна критика .
Како и да е шоуто продолжува па со нетрпение чекаме да видиме како ќе течат наредните гала вечери. Дотогаш продолжуваме да коментираме и озборуваме.