Професор 35 години ги проучува мозоците на психопатите убијци. Еве што откри

psycho_killer_qu__est_ce_que_c__est_by_midnitememory-d4ntfix[1]

Неврологот Џим Фелан има поминато три и пол децении во проучување на однесувањето на убијците. Инаку професор на универзитетот во Калифорнија, тој раскажува што открил за мозокот на убијците психопати.

Овој вид убијци се разликуваат од останатите, бидејќи дејствуваат без мотив. Целта на Фелан е да помогне, така што ќе ја спречи трансформацијата на „обичните“ луѓе во психопати убијци, а тоа да го направи со дефинирање на факторите кои ги прават такви.

Фелан го фокусира своето истражување не толку на физичките фактори, колку на генетиката, епигенетиката (нештата кои се случуваат надвор од гените), оштетувањата на мозокот, како и на влијанието на околината. Професорот истражува 70 мозоци, при открива неколку фактори кои се заеднички за психопатите убијци.

1. Оштетување на мозокот

brain(1)[1]

Сите психопати кои ги истражувал Фелан, имаат оштетен орбитофронтален кортекс (над очите) и оштетен внатрешен дел на темпоралниот кортекс. Покрај тоа, сите имаат и други оштетувања на мозокот, во различни комбинации. Моментот во кој настапуваат овие оштетувања одредува за каков вид убиец психопат (ќе) се работи.

2. Обично се мажи 

gene(3)[1]

Присуството на генот на висок ризик од насилство – MAOA, исто така е честа појава кај психопатите убијци. Овој ген е поврзан со полот и постои во Х хромозомот. Се пренесува од мајките и Фелан смета дека токму тоа е причината што повеќето психопати се од машки пол. Нивниот Х хромозом доаѓа само од нивната мајка, додека ќерките наследуваат еден од таткото и еден од мајката.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

3. Премногу серотонин

nerve-cell-pulse[1]

Според Фелан, луѓето кои го поседуваат генот MAOA имаат и прекумерна количина серотонин. Ефикасноста на овој невротрансмитер, кој обично го смирува мозокот, е неутрализирана од големите количини на истиот, така што плодот развива имунитет кон серотонинот. Од тие причини, контролата на гневот и стресот е многу важна подоцна во животот.

4. Вмешаност во трауматично насилство 

Boy peeking from behind his hands.

„Клучниот фактор е изложеноста на екстремно насилство во раната возраст. Трите други фактори можат да постојат без да доведат до убиство, но вистинскиот тригер е сведочењето или вмешаноста во трауматичен инцидент.

Фелан објаснува дека за да се пројави, т.е. да се манифестира гореспоменатиот ген, потенцијалниот психопат треба да биде сведок или да биде вовлечен во екстремно насилство пред пубертетот. Воените зони, на пример, создаваат цели генерации на деца изложени на насилство, а гените на насилството се концентрирани во поагресивните и понасилните луѓе – кои е и поверојатно да преживеат и да се репродуцираат.

- Реклама -