Холандскиот тим ВВВ Венло, којшто се соочува со испаѓање од првата лига реши дека најдобри шанси да се спаси од таквата судбина ќе има ако потпише професионален договор со 18 месечно бебе кое стана популарно со едно вирално видео.
{youtube}sZGhGbfzCSU{/youtube}
Малиот Берке ван дер Меј, којшто живее со своите родители во градот Венло и чиј дедо играл за клубот, го стави својот потпис (поточно го начкраба) на професионален договор во времетраење од 10 години.
Секако, ова не е ништо освен потег што треба да привлече публицитет, а клубот многу вешто го искористи моментот со популарноста на видеото од малото момче. Договорот што беше „потпишан“ има само симболична вредност.