Професионален борец од UFC изеде ќотек на улица (вознемирувачко видео)

Поранешниот професионален борец од УФЦ Мигел Фалкао, на една бензинска станица во Бразил, откако простачки се однесуваше со една девојка, а подоцна и ја удри по глава, изеде ќотек како магаре, од пријателите на девојките.

Мигел и неговите двајца пријатели, кои исто така се професионални борци од ММА, завршиле во болница со тешки телесни повреди. Еден од неговите пријатели е во критична состојба. Тажно е тоа што поради простаклукот на Мигел, неговиот другар ни крив, ни должен, ја платил најскапата цена. Внимавајте со кого се дружите.
[youtube]http://youtu.be/tYhGHb-wWxM[/youtube]

- Реклама -