Професии – Какви се на филмовите, а какви всушност се во реалноста?

Филмот и телевизијата не секогаш се одраз на реалниот живот, а кога станува збор за професии, непрецизностите се насекаде присутни.

Новинарката, на пример, на филм секогаш спие со своите извори, а адвокатите имаат случај кој ќе го промени целото општетсво.

За да се обрне внимание на овој проблем, корисник на Reddit кој го користи псевдонимот randszao , неодамна го објави на платформата следново прашање:

„Кој дел од професијата ви е најчесто погрешно претставен во филмовите?”

Еве некои од одговорите на публиката:

1. Пекар

Во филмовите : Симпатични, слични на прекрасни самовили, млади девојки со уредни фризури и пенливи престилки.

Всушност : „Работам во пекарница и секој ден се вртам околу четири гигантски печки. Апсурдно е колку пот може да произведе моето тело. Додека дојде крајот на работниот ден, престилката ми е како партал“

2. Адвокати

Во филмовите: Луѓето кои постојано водат исклучително важни и напнати дела и се облечени беспрекорно.

Всушност: „Судските битки се токму спротивното на секси и возбудливо. Тие се здодевни, монотони и небаре траат вечно. Нема стручни сведоци, изненадувачки докази или шокантни признанија кои водат до пресврт – само еден кошмар. “

„Поголемиот дел од работата вклучува студии, пишување и советување, а не презентирање на докази и бранење“.

3. Масери

Во филмовите: Сексуални предатори кои ги освојуваат клиентите и работат само со слаби и убави луѓе.

Всушност : „ Немам секс со своите клиенти, ниту пак имам некакви поинтимни односи со нив. За 2 години сум добила само еден предлог.“

4. Еколог

Во филмовите : Континуирано се надвор, спроведуваат експерименти со различни хемикалии или ја заштитуваат природата.

Всушност: „Јас поминувам 90% од своето време во пишување на извештаи во канцеларијата.“

5. Програмер

Во филмовите : Луѓе кои седат згрбавени пред компјутерите, носат очила и постојано се обидуваат да пробијат некој систем.

Всушност : „Поголемиот дел од денот не работам на кодови, туку претежно дремам по форуми.“

COMPUTERCHESS 1.jpg

6. Графички дизајнер

(и воопшто секоја креативна професија во големиот град)

Во филмовите : Животот е шик во иновативно уреден дом, во центарот на градот.

Всушност : „ТВ емисиите и филмовите мислат дека можам да си дозволам сместување во центарот со оваа плата ?!”

7. Телохранители

Во филмовите : Мажи кои спречуваат негативци да ги исполнат своите попеколни планови.

Всушност : „Ве молам, не го убивајте телохранителот. Тој заработува по 12 долари на час и ако само вперете оружје кон него, тој ќе ви ги даде и клучевите, и се што ви е потребно. ”
(Во принцип, не е добра идеја да пука по кого и да било!)

8. Психолозите

Во филмовите : Луѓе кои одобруваат со глава и пишуваат во тефтер, додека слушаат како пациентите им зборуваат за своите животи.

Всушност : „Мнозинството од клиничките психолози, кои го стекнале своето образование во престижни универзитети во последните 25 години, не слушаат како луѓето им раскажуваат за своите соништа. Терапијата е интерактивен и често многу жив процес. “

9. Рецепционер

Во филмовите : Читаат списанија, ги лакираат ноктите, не обрнуваат внимание на животот, ниту пак  уживаат.

Всушност : „Немам супердолги канџи да се лакирам додека сум на работа.”

10. Археолог

Во филмовите : Доживуваат епски авантури и пронајдоци од историско значење.

Всушност : „Нема ништо заедничко со Индијана Џонс. Артефактите се важни, но контекстот обично е поважен, бидејќи содржи вредни информации. Освен тоа работиме полека и внимателно. “

psiholog_autism

11. Библиотекар

Во филмовите : Читаат и од време на време упатуваат забелешка кон посетителите да бидат тивки.

Всушност : „Всушност, во поголемиот дел од денот им помагаме на луѓето да пишуваат резимеа, учиме возрасни луѓе како да работат со компјутери и правиме повеќе сквотови отколку просечниот трговец на мало (сум работел и во двете сфери повеќе од еднаш). Покрај тоа, луѓето мислат дека сме застарена стока, која се занимава само со книги, но издаваме повеќе дискови, отколку печатени изданија, а и повеќе електронски материјали.“

12. Возач на камион

Во филмовите : Најчесто глупави.

Всушност : „ Се облекуваме (воглавно) добро, зборуваме добро и ја сакаме технологијата. Просечниот професионален возач располага со повеќе техника во камионот, отколку другите што имаат дома. “

13. Келнер

Во филмовите : Ако не им се допаѓате, ќе ви плукаат во јадењето.

Всушност : „За 6 години никогаш не сум видел колега да плукне во нарачката на клиентот. Обично се зборуваат глупости во кујната и ви се потсмеваат.“

14. Банкар

Во филмовите : Луѓето во чии  што глави допираат пиштол за време на грабеж.

Всушност : „Нема стотици илјади долари, кои стојат на една маса во центарот на сводот. Последните личат повеќе на сефови за оружје, отколку на големи соби со тркалезни врати. Секоја банка има на располагање не повеќе од $ 400 000. “

15. Инженер

Во филмовите : Ненормално паметни луѓе со натчовечки компјутерски вештини.

Всушност : „Не можам да собирам големи броеви на памет. За оваа работа постојат дигитрони. “

L-r, Cameron Diaz stars in Columbia Pictures' comedy "Bad Teacher."

16. Наставниците

Во филмовите : Личности кои драматично го менуваат животот на децата, и тоа, на неверојатни начини.

Всушност : „Замислата од филмовите е точна, но добиваме пониски плати и поголемиот дел од времето се прашуваме како да ги натераме децата да учат и тогаш  кога не им претстои тест.“

17. Новинари

Во филмовите : Луѓето кои секогаш пронаоѓаат сензација, стојат згрбавени пред компјутерите или, ако се жени спијат со своите извори.

Всушност : Не спиеме со изворите, но постојано сме во потрага по нови приказни и, да, стоиме згрбавени пред компјутерите. Освен тоа проверуваме телефони на секои 30 секунди.

- Реклама -