„Проект Утопија“ – јахта на иднината

УтопиаВо светов постојат неколку релативно чудни јахти, како онаа инспирирана од Монако, но оваа сигурно е една од најчудните. Претставена на Саемот за Јахти во Монако „Проект Утопија“ е долга и широка 100 метри и има 11 палуби кои навидум лебдат над површината на водата.

УтопиаДизајнерите велат дека јахтата (ако биде изградена) ќе биде опремена со четири подлоги за слетување на хеликоптери, сопствен док, неколку базени и простор еквивалентен на луксузен крстосувач. Јахтата исто така ќе има и набљудувачка област со поглед од 360 степени. Џејмс Рој, директор за дизајн на јахти во BMT Nigel Gee објаснува: „Визиите на иднината се секогаш ограничени од препознатливост со сегашноста или рефлексија на минатото.“
УтопиаУтопиа„Во модерната дизајнерска заедница се зборува за започнување со празен лист но многу, ако не и сите концепти на јахти се враќаат на традиционалната форма – претпоставката дека јахтата треба да биде форма на транспорт веднаш станува ограничување. Утопија не е наменета за патување до некое место, таа е местото, остров основан за секој што поседува визија да создаде такво место.“ [Project Utopia]
Утопиа

- Реклама -