Огромен зелен покрив

Експерти од компанијата “Sand hill property” развија проект за нов шопинг центар во Силиконската долина на чиј што покрив ќе се најде огромна зелена површина.

Компанијата купила 20 хектари земјиште, а целиот проект ќе чини околу три милијарди долари.

671367_profimedia0259792288_f

Зелената површина нема да се наоѓа само врз шопинг центарот, туку и врз околните згради и седишта на лидерски светки компании. Планот е покривите да изгледаат како да е земјата издигната за неколку ката.

671368_profimedia0259792292_f

Оваа зелена површина би била отворена за посетителите, а во нејзини рамки ќе се наоѓаат градини, овоштарници, амфитеатар и паркови за деца. Исто во план е да биде изградена километарска стаза за џогинг и прошетки.

671369_profimedia0259792297_f
Во моменталниот предлог се наведува дека ќе биде изградено и кино, терен за куглање и лизгање. За сега се уште се чека дозвола за изградба на ваква површина, бидејќи освен конструкцијата потребна е и рециклирана вода за наводнување, греење и ладење, како и систем за собирање на дождовницата.

671370_profimedia0259792307_f

Површината би била пошумена со едноставно зеленило кое не е тешко за одржување. Освен тоа, компанијата планира да донира 40 милиони долари за две локални училишта.

- Реклама -