Проект хоризонт: Шпионирање од Месечината

Американската војска во педесетите години на минатиот век имала план да изгради „шпионска“ база на Месечината, открива неодамна објавената, официјална и доверлива воена документација.

Šta su Amerikanci želeli da grade na Mesecu?

 

Како што се наведува во документот од 100 страни под името „Проект хоризонт“, планот бил на базата да се инсталира систем за надзор, кој што би служел за „комуникација со Земјата и нејзино надгледување“.

Освен тоа, во документот објавен по повод 45. годишнината од историскиот од по Мечеината на Нил Армстронг, се наведува и планот за изградба на систем, со кој војската на САД би можела да „погодува мети на Земјата“.

Откриено е и дека воени лица од САД размислувале и за изведба на нуклеарни детонации на површината на Месечината за „истражувачки цели“ а се воделе и дискусии за „влијанието на радијацијата на вонземјанските облици на живот“.

- Реклама -