Протекоа во јавноста спецификациите на Samsung Galaxy S7 Edge

Уште еднаш на интернет протекоа податоци кои покажуваат кон потенцијалните карактеристики на еден од најочекуваните мобилни уреди за оваа година – Samsung Galaxy S7 и поконкретно неговиот вид S7 edge.

Според информациите, моделите ќе бидат претставени во февруари, што е за околу еден месец порано од традиционалното излегување на новите модели од серијата Galaxy S. Извор на најновите информации во врска со потенцијалните спецификации на моделот S7 e скриншот на резултатите од тестот во АnTuTu.

Galaxy-S7-Edge-AnTuTu

На него се гледа модел со кодно име SM-G935A (Samsung Galaxy S7 edge), според кој станува збор за уред со дисплеј од 5.1 инчи и резолуција 2560 × 1440 пиксели и процесор Qualcomm Snapdragon 820. Камерата на овој уред според тестот е 12-мегапикселна, а оперативната меморија изнесува 4 GB, додека внатрешната меморија е 64 GB. Предната камера е 5 мегапикселна. Главната разлика кај новиот скриншот и претходните шпекулации за карактеристиките на смартфонот е големината на екранот. Досегашните очекувања беа дека новиот Samsung Galaxy S7 Edge ќе биде со 5.2 или 5.5-инчен дисплеј.

- Реклама -