Проекција на документарниот филм ,,Before the flood” во Вевчани

Во вторник на 27 август во организација на Еко-свест и Општина Вевчани, како дел од Вевчанско Лето 2024, ќе се одржи проекција на документарниот филм ,,Before the flood” (Пред поплавата).

Проекцијата ќе се одржи во Мултикултурниот Центар во Вевчани, со почеток во 20 часот.

Настанот е дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори”, спроведуван од Еко-свест а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

- Реклама -