Амбасадата на Кралството Холандија го поддржува месецот на гордоста и оваа година ќе ја збогати културната програма на Прајдот со проекции на документарни филмови за правата на ЛГБТИ заедницата.
Проекциите ќе се прикажуваат од 18 до 20 јуни со почеток во 20:00 часот во „Котур кафе и филм“.
Ќе бидат прикажани три наградувани документарни филма:
„Нели и Надин“ (2022/ 93’ Шведска, Норвешка, Белгија) чија проекција беше вчеравечер во Котур, потоа филмот „Лесвиа“ (2024/ 78’ Грција) кој се прикажува вечер и „Мама беарс“ (2022/ 90’ САД) кој ќе биде прикажан утре во 20.00 часот.
Првите два филма беа дел од минатогодишната селекција на фестивалот Македокс и МакеКоПроДокс форумот, додека Мама беарс е обезбеден од Movies that Matter од Холандија.
Влезот на сите три проекции е бесплатен, а по проекциите ќе има и неформална дискусија.