Продуцентите на „Симпсонови“ ќе убијат еден главен лик

Продуцентите на популарната серија „Симпсонови“ открија дека во 25. сезона ќе убијат еден од главните ликови.

„Ќе ви дадам најава за тоа кого ќе убиеме. Станува збор за актер кој за позајмувањето на гласот на еден од ликовите во серијата доби Еми“, рекол Ал Џин.

Со оглед на тоа што серијата има над 25 награди Еми, ова не е прецизна најава.

Според некои гласини, ликовите како што се Боб и мајка и на Марџ, Жаклин, се први на листата за отстрел, но додека не се случи „убиството“ тоа се само шпекулации.

- Реклама -