Продолжување на периодот до оргазам

На што размислуваат мажите за да го продолжат периодот до оргазам?

Мажите некогаш имаат тешка внатрешна борба за време на сексот и тоа во моментите кога мораат да се потрудат, за да го продолжат времето до оргазам.

Можеби веќе сте слушнале на што размислуваат мажите, за малку „да ја спуштат топката“, но една анкета покажува многу интересни податоци.

Новата анкета на еден производ за поголема издржливост во текот на сексот ги открива  нивните тајни.  Во истата учевствувале 3.000 мажи. Според резултатите најмногу ги смирува размислувањето за спортски натпревари. Нешто помалку  од мажите размислуваат за работа, а некои за финансии.

Понатаму доаѓаат оние кои размислуваат за непривлечни познати личности или за политичари.

Некои од помалку популарните мисли се исто така интересни. Имено, дел од мажите одлучуваат да размислуваат за домашни работи, спортски настани, поранешни девојки, видео игри и географија.

- Реклама -