Кувајт го отповика својот амбасадор во Иран, еден ден откако Саудиска Арабија, Бахреин и Судан ги раскинаа дипломатските односи со Исламската република.
САД, ОН и Турција повикаа за намалување на тензиите во регионот, а Русија изрази подготвеност да посредува во преговорите.
Сепак, кризата меѓу сунитските арапски држави и шиитски Техеран се продлабочува.
Тензиите тргна од масовната егзекуција на 47 лица од саудиските власти, меѓу кои почитуваниот шиитски теолог во Иран – Нимр ал-Нимр.
Следуваше протест на шиити пред Амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран, кој премина во насилство.
Во меѓувреме постојаниот претставник на Саудиска Арабија во ОН Абдала ал-Муалими изјави дека односите ќе бидат вратени во нормала кога Техеран ќе престане “да се меша во внатрешните работи на други држави, вклучително и во нашите работи”.
Саудиска Арабија и Иран се клучни играчи во сирискиот конфликт, со оглед на тоа што структуираат спротивни страни – Техеран е сојузник на претседателот Башар ал-Асад, додека Саудиска Арабија сака тој да биде соборен и е обвинувана дека ја поддржува радикалната опозицијата.
Засега Ријад објави дека нема да го блокира мировниот процес во Сирија, и покрај учеството на Иран во преговорите.
Прочитај повеќе: ШЕСТ НАЈВАЖНИ ПРАШАЊА ЗА КОНФЛИКТОТ МЕЃУ САУДИСКА АРАБИЈА И ИРАН