Продолжете им го животниот век на електронските апарати

Телевизор Како и сите останати нешта на светов, така и електронските направи кои ги користиме имаат животен век. Но, со внимателна употреба, можете да го продолжите тој животен век. Еве неколку корисни совети.


Како и сите останати нешта на светов, така и електронските направи кои
ги користиме имаат животен век. Но, со внимателна употреба, можете да
го продолжите тој животен век. Еве неколку корисни совети.

Мобилен телефонМобилни телефони

Просечен животен век: 4 години.

Превентива: Го полните ли вашиот мобилен почесто отколку што ги миете забите? Забавете малку. Батериите функционираат најдобро ако барем еднаш во неделата им допуштите до крај да се испразнат. Исто така, не го изложувајте телефонот на екстремно ниски или високи температури, ниту на директна сончева светлина.

Дијагностика: Кога батеријата ќе почне ненадејно да откажува, а сигурни сте дека полначот не е расипан, тогаш заменете ја батеријата. Не купувајте од неовластени дилери, зашто забележани се случаи кога поради неточна ампеража, приклучените батерии експлодирале и предизвикале повреди кај корисниците.

Кога да се откажете? Ако се работи за евтин телефон, а проблемот е посериозен од батеријата, фрлете го. Ако е скап модел, обидете се да го поправите. Доколку ви паднал во вода, исклучете го, расклопете го и исушете ги деловите пред да го вклучите одново. Доколку се појави проблем за кој немате поим од каде потекнува, однесете го на проценка. Ако ви побараат повеќе од половина од вредноста за поправка, откажете се!

ТелевизорТелевизори со рамен екран

Просечен животен век: Повеќе од 10 години

Превентива: Држете ги прстите на страна од екранот. Притисокот ги прегорува пикселите. Од друга страна, ако телевизорот се прегрее, некои делови можат да се стопат. Затоа, никогаш не ставајте ништо на отворите од задната страна – оттаму влегува воздухот што ги лади деловите. Бришењето прав правете го со сува крпа, нежно и без никакви средства за полирање – тие можат да ви го замаглат екранот.

Дијагностика: Плазма телевизорите, особено постарите модели се подложни на внатрешно горење. Оставете го телевизорот на ист канал цел ден и може да се случи екранот да ви биде жигосан со нивното лого кое никогаш не ќе исчезне. Затоа ваквите телевизори треба да се исклучуваат на неколку часа. Но, ако ви се случи вакво нешто, треба да го однесете на сервис. Трошоците за поправка можат да бидат ниски (релативно) – околу 100 евра, но и многу високи, до 600 евра.

Кога да се откажете? Ако се расипе ваков телевизор постар од 5 години, би требало да го замените. Резервните делови и работната рака ќе ве чинат колку (ако не и повеќе од) нов телевизор.

DVD плеерDVD плеери

Просечен животен век: 4 до 5 години.

Превентива: Држете го на студено место. Не ставајте други нешта околу него, врз или под него, особено ако се наоѓа во тесно место – потребен му е воздух за ладење. Ако го исклучувате од струја, осигурете се дека е исклучен. Кога го преместувате, обидете се да избегнете удари – внатре има деликатни делови кои не реагираат добро на потреси.

Дијагностика: Ако ласерот престане да чита или во најмала рака прави дисковите да скокаат, тогаш прво што треба да проверите е дали на леќата има насобрана нечистотија. Исчистете ја со прибор за чистење (стапче со памук и висококонцентриран алкохол), а ако и потоа не функционира, време е да се упатите кон најблискиот сервис.

Кога да се откажете? Ако се работи за механички дефект, можеби воопшто немате потреба да одите на сервис. Таму, многу лесно ќе го поправат, но во денешно време плеерите се толку евтини, што за истите пари што ќе ги платите за поправка, ќе си купите сосема нов.

- Реклама -