Во СВР Тетово, вчера е регистриран случај на измама поврзан со продажба на автомобил. Според информации од полицијата, 36-годишен жител од некое тетовско село пријавил дека бил измамен од 37-годишниот А.Л. од селото Палчиште.
Како што стои во пријавата, пред околу шест месеци, сопственикот му дал полномошно на А.Л. за користење и управување со неговото возило „Нисан Микра“ со тетовски регистарски ознаки. Договорот предвидувал возилото да биде продадено за 4.500 евра, со исплата на месечни рати од 1.000 евра. Според пријавеното, А.Л. исплатил само 1.000 евра, по што престанал да го подмирува преостанатиот долг од 3.500 евра.
Дополнително, без знаење и согласност на сопственикот, возилото било препродадено на трето лице за сума од 3.200 евра. Од полицијата информираат дека се преземаат соодветни мерки за расчистување на случајот.




