Иако медиумите се распишуваа за тоа како парот ужива, очигледно медениот месец не е толку меден.На Ким Кардашијан и Канје Вест очигледно им се допаѓа Европа. Тие се венчаа во Италија, медениот месец го поминаа во Ирска.
Медиумите нагласуваат дека сепак настапиле некои проблеми, бидејќи старлетата била предвреме видена во Њујорк и тоа сама. Канје би требало да биде во четврток во Тексас, па настапиле погодувања бидејќи парот во моментов е разделен.
„ Ким била разочарана со идејата да го помине медениот месец во дождливата Ирска. Таа сакаше некоја гламурозна дестинација, која би се поврзала со нивната италијанска венчавка. Пет дена во Ирска и било тешко да ги издржи, па го молела сопругот да се вратат дома“, изјавил извор близок на парот.
Со оглед на тоа што Ким се вратила сама во Лос Анџелес, без венчален прстен на раката, некои се прашуваат дали веќе има проблеми во рајот.