Проблеми со висок крвен притисок? Решението е во исхраната на Викинзите

Исхраната типична за жителите на северна Европа има извонреден ефект во регулацијата на крвниот притисок, кој е еден од најчестите и најголеми здравствени проблеми и предизвикувач на срцеви болести, велат научниците од универзитетите во Копенхаген и Источна Финска.

Исхраната на северноевропејците изобилува со зрнесто овошје, големи количини риба, масло од репка, цели житарки, сезонско овошје и свежи зачини, како и коренести зеленчуци, а со помалку месо.

Во истражувањето, во период од 24 недели, половина од испитаниците јаделе придржувајќи се на нордиската исхрана, без ограничување на калориите. Другата половина се хранела нормално, по принципите на западната исхрана, т.е. со повеќе месо и тестенини. Истражувачите во меѓувреме им ја мереле тежината, им го мереле крвниот притисок и им го анализирале масното ткиво, како пред и за време, така и по крајот на експериментот.

Прочитајте и:  Појадокот е доста важен за намалување на крвниот притисок

Заклучокот на истражувачите е дека нордиската исхрана ефикасно го регулира крвниот притисок, а воедно и го намалува ризикот од крвни згрутчувања, разните воспаленија во телото, и дијабетесот тип 2 на самите гени.

Иако исхраната не може да ја менува генетиката и да влијае на склоноста кон одредени болести, сепак може да влијае на делувањето на тие гени, а со самото тоа да служи како превенција од болести, заклучуваат научниците. Нивниот конечен совет: јадете како што јадат „Викинзите“.

- Реклама -