Проблеми во француската репрезентација

Во фудбалската репрезентација на Франција се повторуваат случките од СП 2010, кога селекцијата се распадна поради лоши меѓучовечки односи.

По поразот на „триколорите“ од Шведска било многу бурно во соблекувалната. Според информациите на „Л’Екип“, селекторот Лорен Блан го критикувал Хатем Бен Арфа за својата игра, а тој бил готов да си ги спакува куферите и да си замине дома. Го одвратиле останатите играчи од неговата намера.

Самир Насри го нападнал Алу Дијара за своето „недолично однесување“ во репрезентацијата, по што се создала вистинска мешаница во соблекувалната. По ова, Флорен Малуда јавно признал дека атмосферата во селекцијата на Франција е хаотична и дека го потсетува на периодот од пред две години, кога „триколорите“ доживеаја дебакл на мундијалот во Јужна Африка, па дури и штрајкуваа за време на натпреварувањето.

Французите вo сабота ќе игра во четвртфиналето и ќе ги одмерат силите со актуелниот европски првак Шпанија. Со ваква атмосфера во селекцијата, тешко дека ќе можат да ја совладаат „црвената фурија“.

- Реклама -