Најгламурозниот настан на годината на Менхетен „Met Gala“, не можеше да не помине кобно за некои од гостите, кои мака мачеа со нивните фустани.
Со обид да изгледаат што поубаво и погламурозно, многу познати личности на крајот на ноќта искочија смешни и невкусни, поради своето однесување и провокативно облекување.
Една од нив е пејачката Рита Ора, која не ѝ претставуваше големиот шлиц на фустанот. Всушност, пејачката покажа повеќе од што сакаше, па во еден момент ѝ „светнаа“ гаќите.
Истиот проблем го имаше и Ким Кардашиан, која долго време чекаше покана за овој настан, а по минатата ноќ беше јасно зошто не ја добила. Старлетата во обид да изгледа провокативно, направи спротивен ефект. Таа исто така, ги покажа гаќичките и така со „брзина на светлината“ ја изгуби можноста за покана за следната година.
Актерката Сара Џесика Паркер, која е позната како стилкса икона во Холивуд, носеше голем широк фустан, со кој очигледно имаше проблеми. Таа на крај и падна на црвениот тепих, сопнувајќи се од сопствениот фустан, и ненамерно го покажа своето деколте.
И младата актерка Хајден Панетиер се појави на Met Gala настанот и носеше фустан на Том Форд. Но изгледа не се снајде најдобро со фустанот, па во еден момент речиси падна симнувајќи се по скалите. За среќа се помина добро и Хајден заврши со насмевка.