Пробај да искролаш 7.5 милијарди луѓе, и ќе сфатиш колку многу сме

Во моментов на планетата има нешто над 7.521.000.000 луѓе. Тоа е огромна бројка, и тешко е да си ја претставиме во главата, особено без некаков вид на визуелизација.

А најдобрата визуелизација обично се постигнува преку нешто што ни е секојдневно, нешто што добро го познаваме и ни е врежано во главата. Скролањето со маусот дефинитивно се квалификува во овие критериуми.

Worldometers.info, освен што ја брои светската популација во реално време, нуди баш таква визуелизација. Секој човек на планетава е претставен со мала човечка фигура, секоја со свој реден број. Ваше е да стигнете до последниот човек.

Сигурно не сте будали да ги броите еден по еден, ама ќе сфатите и дека не сте будали ни да ги скролате – премногу се. Ама попат, темпото на скролање ќе ви долови малку подобра слика за тоа колкав број е 7.5 милијарди, и колку всушност нé има по топкава, што е и поентата.

Кликнете на сликата и ќе ве однесе до сајтот.

На овој линк, пак, популацијата е прикажана според тоа од кој континент доаѓа, како на насловната слика.

 

Упс, рековме топка?

- Реклама -