Проба за свадба? Северина заигра на концерт на Кеба – и заплака!

Северина очигледно е заљубена „до уши“, а концертот на Кеба за неа беше многу емотивен.
Врската со синот на Кеба е сè повеќе сериозна. Популарната пејачка Северина Вучковиќ беше гостин на концертот на Драган Којиќ Кеба, таткото на својот помлад дечко Игор.

Сплитската пејачка целото тоа време беше во првите редови на сцената, и разменуваше бакнежи со својата љубов. Во нивното друштво беше и мајката на Игор, Оља, но очигледно тоа не им пречеше.

Screenshot_16

Северина во еден момент се качи на сцената, па заедно со Кеба ја отпеа песната „Srce kuca tvoje ime“ додека илјадници фанови ги поздравија со овации. Потоа Игор излезе на сцената каде заљубениот пар танцуваше валцер. Дали подготвките за свадба се веќе почнати? Во секој случај, тоа беше толку емотивно за Северина, па таа беше трогната од целата ситуација и- заплака.

Гласините за свадба и децата се сè погласни, а целиот регион го следи секој чекор на оваа двојка. Иако на почетокот ниту самиот Кеба не веруваше ека неговиот син е во врска со Северина, сега очигледно ја одобрува нивната врска. Љубовта е во воздухот ова лето.

- Реклама -