Генералниот секретар на СДСМ – Љупчо Николовски две и пол години ги донирал своите дневници и е Најголем индивидуален донатор за СОС Детското село во Скопје за 2019-та година. Јавноста тоа го дозна денеска, кога на Николовски му беше доделено признание по повод Меѓународниот ден на човечката солидарност, 18 години години постоење на СОС Детското село во Македонија и 70-годишнината од формирањето на првото СОС детско село.
Настанот се одржа под наслов „Едно семејство“, под покровителство на првата дама на државата, сопругата на претседателот Стево Пендаровски – Елизабета Ѓоргиевска. Токму солидарноста овозможува СОС Детското село да може да овозможува поддршка и згрижување на децата без poдители, што е неговата основна функција, истакна Ѓоргиевска.
За признанието Николовски се заблагодари и на Фејсбук:
„Ми го исполнивте срцето со радост и среќа! Благодарен сум на СОС Детско село за ова признание кое многу ми значи!
Да бидеме хумани и благородни, да донираме, да помагаме, да подадеме рака секому! Секој ден може да биде повод за мал гест!“, напиша тој.