Темата за наклонетоста и децата секогаш буди прашања – како да изградите приврзаност кај децата, или како да се справите ако истата е претерана?
Што се однесува до наклонетоста, децата се поделени на неколку групи – оние кои се толку приврзани кон своите родители, што секогаш се цврсто залепени за нив, оние кои се соочуваат со потешкотии на ниво на емоционална приврзаност (тоа често е проблем на посвоени деца) и такви кои наоѓаат рамнотежата помеѓу приврзаноста кон своите родители и способноста да бидат самостојни и да се дружат.
Приврзаноста на децата се формира околу 6-месечна возраст, кога бебињата почнуваат добро да ги препознаваат своите родители и да се плашат од непознати лица. Од овој момент натаму е важно како ќе пристапите како родители. Многумина прават грешка, со тоа што постојаното се со детето на оваа возраст и не го оставаат да поседи во рацете на непознатите.
Вистинскиот пристап не бара толку долготрајна комуникација со детето, колку што бара квалитативна. Потрудете се да го соочувате детето со повеќе непознати луѓе, па тоа да се навикне и на странски лица. Не го држете постојано на раце и не го навикнувајте да спие во кревет кај вас (а дури е подобро да го навикнете да спие во својата соба уште додека е бебе). Ова сепак не значи да не го гушнете и смирите (само не претерувајте и не бидете премногу протективни спрема него) кога тоа има потреба од вас, бидејќи токму настанот на љубов кај детето, развива кај него чувство за љубов кон околните и го намалува ризикот од појавата на вообичаениот за многу деца – страв од непознати лица.
Преголемата приврзанот, на која што го навикнуваат родителите своето дете, во иднина често создава проблеми со социјализацијата и комуникацијата со нови лица и луѓе. Тоа пак е причина за формирање на стрес и дури страв кај детето при пристигнување во градинка.
Како прекумерното внимание, така и недостатокот на такво може да стане причина за проблеми со наклонетоста на детето. Децата кои не го добиваат потребното внимание ( под внимание имаме предвид не толку долго, колку квалитативно ) од родителите, често растат затворени во себе, недоверчиви, вознемирени, дури и агресивни.