Приведена водителката на „X Factor“

Водителката Ана Михајловски Грубин била приведена вчера околу 18 часот по инцидент со екипата на Паркинг сервисот во центарот на Белград, пишува српски Блиц.

Ана непрописно се паркирала, а нервозата настапила откако „пајак“ се обидел да го однесе нејзиниот автомобил. Како што дознава весникот, Грубин била приведена откако се расправала и се обидела да спречи екипата на сервисот да го однесе автомобилот поради непрописно паркирање.

Како што раскажуваат очвидци, работниците одбиле да ја послушаат гневната водителка, а Михајловски бесна влегла во автомобилот закачен на „пајакот“, го отклучила и започнала да вози рикверц. Во таа прилика го оштетила возилото, па бесно ја навредувала сообраќајната полиција.

– Откачете го ми го автомобилот од оваа „крнтија“, викала водителката.

Таа ги навредувала и полицајците кои се нашле на лице место.

– Ќе ве приведеме, смирете се, и велеле тие, а таа не престанувала:

-Баш да видам дали смеете.

– Водете ме во болница, одржувам бременост.

 

Полицијата ја однела водителката да даде изјава, меѓутоа Ана рекла дека и е лошо и им наредила да ја одведат во болница.

 – Кога сте вака паметни да ме приведете сега ќе ме носите на Ургентен центар, не ми е добро, бремена сум – рекла Михајловски.

561330_ana-mihajlovski-foto-citalac_f

Потоа полицајците ја одвеле на лекар и чекале пред ординацијата. Како што пишува весникот против Грубин ќе биде поднесена пријава за напад на полицаец.

И од паркинг сервисот го потврдиле инцидентот.

– Никој не е над законот и истите правила мораат да важат за сите, изјавиле од таму.

Неделава беше објавено дека Ана Михајловски Грубин нема да биде водителка на овогодинешниот X factor, односно дека е отпуштена од задачата. Иако продукцијата ги демантираше овие тврдења, извори блиски на водителката, изјавија дека таа  паднала во депресија, после ваквата одлука.

- Реклама -