Приведен жител на Леуново баран за издржување затвор поради дрога

СВР Тетово информира дека вчера (17 октомври) во 15.20 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле А.К.(43) од Леуново, кој бил баран со потерница по судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело ,,нелегално производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 од Кривичниот закон.

А.К. е предаден во затворот во Тетово за издржување на казната.

Извор