Скопје, 6 авгсут 2021 (МИА) – Полиција изутринава го лишила од слобода М.Е. (34) од Прилеп, осомничен дека подметнал пожар во местото Дабница, информира Министерството за внатрешни работи.
М.Е. бил приведен изутрина во 06.15 часот во Дабница во близина на споменикот, од полициски службеници од ОВР Прилеп. Задржан е во полициска станица и против него ќе следи кривична пријава до Основното јавно обвинителство Прилеп.
Пожарот утрово е локализиран од страна на противпожарната единица од Прилеп.