Приватизација на брзата помош има логика, вели физибилити студијата, Филипче најави јавна дебата

Физибилити студијата по нарачка на здравствените власти покажува неколку опции со кои може да се подобри работата на брзата помош, но еден од заклучоците е и дека може да се размислува на темата да стане јавно приватно партнерство. Министерот за здравство, Венко Филипче, сепак прво сака јавна дебата и да се консултира со експерти, вклучително и од редовите на давателите на здравствени услуги, а пред сè службата за Итна помош од Здравствен дом Скопје и останатите јавни здравствени установи во земјата. Оттаму, за во октомври е закажана јавна дебата на која ќе се разгледуваат овие опции.

Според Филипче, кој се повикува на студијата, гледано од економски аспект во приватизацијата на брзата помош има логика, затоа што дефинитивно ќе го реши проблемот со вработените во оваа служба, во смисла на доктори, медицински сестри и парамедици, кои би биле воведени согласно европските стандарди. Меѓутоа, вели министерот, се разгледуваат и можностите истовремено министерството за здравство да овозможи континуитет во бројот на вработени, што, според него, е најголемиот проблем.

Доколку се оствари, ова нема да биде првото јавно-приватно партнерство за Министерството за здравство. Такви обиди имаше и претходно, но некои од нив не завршија најдобро. Повеќе на „ТВ24“.

 

- Реклама -