Приватен рај: вешто скриен јапонски дом со градина

Отворен и простран, светол и зелен – ретко очекувани епитети кога се работи за куќа што однадвор изгледа како кутија без прозорци.

Сепак, оваа извонредна архитектура елегантно го решава проблемот со приватноста, без притоа да биде жртвуван ниту дел од неопходниот комфор за среќниот дом.

private-home1

Проблемот со приватноста е резултат на околните високи згради од двете страни на имотот, притоа покренувајќи и прашања како да се обезбеди свеж воздух и доволно зелена градина.

private-home-problem-solution

Arbol Design доаѓа до храбро решение, а се состои од висок кедар ѕид, што ја обиколува куќата како ограда, и раскошна фенестрација на екстериерот на домот, креирајќи отворен и проветрен простор помеѓу ѕидовите.

private-minimal-house-night

Наместо ѕидови, од подот до таванот се протегаат стаклени прозорци, што и даваат на куќата целосна поврзаност со надворешноста. Од другата страна, дрвениот ѕид ги попречува љубопитните погледи на соседите и случајните минувачи.private-home-interstitial-space

На одредени делови, на надворешниот ѕид има тенки вертикални празнини, што овозможуваат поглед од близу (од домот кон надвор), но ја спречуваат видливоста од далечина.

private-house-contextual-design

Од надворешната страна, пак, речиси и да нема видлив прозорец, сепак целата структура е дава чувство на многу поголема поврзаност со надворешната околина, за разлика од најголемиот дел од домовите.

privacy-plan-japanese-house

 

 

- Реклама -