Боинг 747 обично собира и до 600 патници, но овој модел е модифициран за потребите на еден од супер-богатите светски тајкуни.
Екстра-ограничениот (со оглед на тоа што се работи за авион) ентериер е конвертиран во екстра-луксузен дом за каков што многумина не ни сонуваат. Идентитетот на финансискиот џин по чија нарачка е направен Боингот останува во тајност.
„Летечката палата“ содржи неколку спални соби, неколку барови и соби за релаксација, ресторан, огромна трпезарија, гостински соби, а и конференциска сала за бизнис-состаноци.
На Боингот се работело цели 3 години, а го чини нарачателот неверојатни 400 милиони долари!