Притворот на Мухамед Зеќири продолжен за нови 30 дена

По предлог на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, (ОЈО-ГОКК), Кривичниот суд – Скопје денеска на поранешниот генерален секретар на Владата – Мухамед Зеќири, му изрече нови 30 дена притвор, потврдија извори од Судот за МИА.

На Зеќири, кого ОЈО-ГОКК го сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувања, првата мерка притвор од 30 дена му беше изречена на 9 април. За оваа одлука следеше жалба, но таа беше одбиена.

Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941.985 евра, што е за околу 147.000 евра повеќе од 795.000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.

МИА

- Реклама -